Турција избира претседател и нов парламент

149

Над 56 милиони граѓани денеска гласаат на предвремени претседателски и парламентарни избори во Турција.

Во претседателската трка учествуваат шест кандидати: Реџеп Тајип Ердоган, Догу Перинчек, Мерал Aксенер, Мухарем Инџе, Селахатин Демирташ и Tемел Карамолаоглу.

Фаворит е актуелниот претседател на Турција, Ердоган, кој речиси 16 години победува на сите избори во кои учествуваше.

Анкети во предизборниот период, укажуваат дека Ердоган добие меѓу 45 и 55 отсто поддршка од турските граѓани, но реалноста е сосема поинаква, затоа што, според многу толкувања на аналитичари, тој може да добие и 10 отсто помалку поддршка.

На парламентарните избори учествуваат осум партии обединети во две предизборни коалиции.

Едната е Народна алијанса (или Републиканска алијанса) составена од владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата на национално движење, а неофицијално е поддржана од Партијата на големо единство.

Другата коалиција е Сојуз за нацијата, составена од главната опозициска Републиканска народна партија , Добра партија и Партија на среќата, а неофицијално ги поддржува Демократската партија.

На изборите покрај партиите од двете големи коалиции учествуваат и други три партии – турската прокурдска Народна демократска партија и Татковинската партија и Партијата Худа-пар.

Во согласност со законските измени, турскиот Парламент ќе има 600 наместо 550 членови во иднина. Мандатот на претседателот и на пратениците е пет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...