Турција депортира авганистански мигранти назад во Кабул

85

Турските власти ќе депортираат овој викенд околу 600 нелегални авганистански мигранти назад во Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.

Досега е завршена процедура за депортирање на 591 мигрант од источната турска провинција Ерзурум. Тие ќе бидат испратени во Кабул денеска и утре.

– По завршување на процедурата за депортација нелегални мигранти од други провинции, депортацијата ќе се забрза и продолжува во следните денови, се вели во соопштение од Министерството.

Групи за човекови права ја критикуваа Турција поради тоа што мигранти испраќа назад во држави каде има војни, вклучително Авганистан со што животите на мигрантите им ги доведува во опасност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...