Американскиот амбасадор во Анкара е повикан во Министерството за надворешни работи за да добие информација од прва рака за новата турска воена операција во северна Сирија, само неколку минути откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган го означи почетокот на офанзивата, пренесе Си-Ен-Ен Турк.
Почетокот на воената интервенција се очекуваше уште откако американската армија сооопшти дека ќе почне да се повлекува од регионот, како дел од изненадувачката промена на позицијата на Вашингтон, што до тој момент ги поддржуваше курдските сили, кои ја контролираат северна Сирија.
Ердоган претходно соопшти дека операцијата почнала и ќе биде извршена заедно со турските сојузници во Сирија.