Турција: Во операциите во Сирија досега убиени 550 терористи

175
ФОТО: EPA / SEDAT SUNA

Турските вооружени сили убиле 550 терористи во текот на операциите „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.

– Операцијата успешно продолжува источно од Еуфрат. Неутрализирани се 550 терористи од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот – наведува турското Министерство.

Турција на 9 октомври започна воена интервенција, под името „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија со воздушни напади врз позиции на курдските бунтовници.

ФОТО: EPA / SEDAT SUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...