Турците најбројни туристи во земјава во јуни

Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

84

Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15,9 отсто, а бројот на странските туристи пораснал за 22,4 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи пораснал за 11,4 отсто, а на странските за 29,5 отсто.

Според земјите од каде што доаѓаат најмногу туристи имало од Турција над 11.717, Србија 6.133, Полска 5.841, Бугарија 4.887 Холандија 4.489…

Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во овој период кај домашните туристи има зголемување за 9,3 отсто, а кај странските за 19,8 отсто.

Во истиот период бројот на ноќевањата е зголемен за 16 отсто и тоа кај домашните туристи зголемувањето е за 6,6 отсто, а кај странските за 21,9 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...