Турски хакери нападнаа грчки владини сајтови

Хакерите преку социјалните мрежи објавија дека ги нападнале интернет-страниците на грчкиот Парламент, на Министерството за надворешни работи, на Националната разузнавачка служба на Грција, на грчката берза, како и на Министерството за финансии.

41

Турските хакери „Анка Неферлер “ ја презедоа одговорноста за проблемите што синоќа се појавија на неколку грчки владини сајтови, тврдејќи дека извршиле хакерски напад, јави дописничката на МИА од Атина.

Хакерите преку социјалните мрежи објавија дека ги нападнале интернет-страниците на грчкиот Парламент, на Министерството за надворешни работи, на Националната разузнавачка служба на Грција, на грчката берза, како и на Министерството за финансии.

Конкретните сајтови, синоќа беа вон функција, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, дел од службите сами ги симнале нивните сајтови за да избегнат дополнително да бидат хакирани.

Министерот без ресор, Јоргос Герапетритис, говорејќи за грчката телевизија „Опен“ истакна дека станува збор за координиран хакерски напад во исто време на повеќе владини сајтови.

Хакерскиот напад дојде само неколку часа по средбите во Атина на лидерот на Либиската националната армија, Халифа Хафтар со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...