Тројца турски војници загинаа во североисточна Сирија при експлозија на автомобил-бомба покрај контролен пункт на пат.
Безбедносни извори наведуваат дека нападот се случил во текот на вчерашниот ден, во местото Сулук, 10 километри југоисточно од сирискиот град Тел Абијад, на границата со Турција.
Двата града се наоѓаат во област каде што Турција и сојузничките бунтовници од Сирија ја презедоа контролата во офанзивата против курдските борци во октомври минатата година.