Турските сили ликвидираа припадници на ПКК при воздушен напад во северен Ирак

37

Четворица на припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) беа ликвидирани при воздушен напад на турското Воено воздухопловство во реонот на Метина и Авасин-Басјан во северниот дел на Ирак, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Турција.

Како што јави агенцијата Анадолија, во соопштението се нагласува дека ликвидираните „терористи“ планирале да извршат напади врз турски воени објекти.

ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД, од 1984 година води вооружена борба за автономија на турските региони населени со Курди. Во нејзини напади и акции досега загинаа речиси 40.000 лица. Групата покрај во Турција, свои бази има и во северен Ирак.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...