Турскиот суд нареди ослободување на новинарот Мехмет Алтан

101

Турскиот суд денеска го ослободи новинарот Мехмет Алтан, јави турската новинска агенција Анадолија.

Пред четири месеци Алтан беше осуден на доживотен затвор под обвинение дека бго помагал обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

Алтан работеше во сега затворениот турски весник „Заман“, кој е поврзан со движењето на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен.

Според турските власти, организацијата на Ѓулен е одговорна за неуспешниот обид за државен удар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...