Десет ветерници во Демир Капија и во Гевгелија има намера да гради турска компанија. Според информации на МИА, компанијата веќе испратила известување за намера да инвестира во искористување на енергијата од ветерот во овој дел на државата, до Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина.
Инвеститорот, преку својата компанија Калтун енержи ДОО Скопје, има намера за изведување проект ветерен парк со седум ветерници во Дрен, општина Демир Капија, а остатокот да ги изгради во Гевгелија.
Проектниот менаџер на турската инвестиција Калтун енержи, Хусеин Зејнулах за МИА изјави дека веќе имаат позитивен одговор од ова Министерство и дека сега треба да се заокружи целата законска постапка и да се реализира инвестицијата.