Пејачката Севтуг ја препеа песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2006 година.
Турската верзија е со наслов „Tam Vakti“.
Инаку, „Нинанајна“ ѝ обезбеди досега највисок пласман на Македонија на Евровизија.
Елена пак, на својот инстаграм-профил објави краток инсерт од спотот и напиша дека „Нинанајна“, иако издадена пред 12 години, сè уште е интересна за европската публика.
ФОТО: Јутјуб