Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија

На чело на ТПЦ во овој момент се наоѓа патријархот Ефтим Четврти.

200

Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија и патријархот Вартоломеј заради одлуката да и даде автокефалност на Црквата во Украина, изјави портпаролката на патријаршијата на Турската православна црква Севги Еренерол.

– Поднесовме тужба во која укажавме на тоа дека ова е политички случај, кој не е поврзан со верата. Вартоломеј нема надлежност да испрати свои егзарси во Укарина и да дава автокефалност на нејзината црква. Статусот на цариградскиот патријарх, според Мировниот договор од Лозана од 1923 година, се ограничува за испраќање Грци за служење литургија во Турција – вели портпаролката на ТПЦ.

– Вартоломеј ги премина своите надлежности и се вмеша во односи меѓу две земји, во нивните внатрешни прашања. Ако го сторил тоа, тој не смее да остане во Турција – додава Еренерол.

Неканонската Турска православна црква е основана во 1922 година, врз основа на одлука на Владата на Турција, која се обиде да создаде национална црква независна од грчкото православие. Иако, има мал број верници, таа поседува три храма во Истанбул. Не ја признава ниту една од 15 помесни православни цркви.

На чело на ТПЦ во овој момент се наоѓа патријархот Ефтим Четврти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...