Турската компанија „Мурат Тиџарет“ почнува изградба на фабрика во Скопје

Компанијата е специјализирана за производство на електрични кабли за автомобилската индустрија и планира да отвори 300 нови работни места во првата фаза. Производството е наменето за извоз на европскиот пазар.

1538

Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнувањето на  изградбата на фабрика на турската компанија „Мурат Тиџарет“ во ТИРЗ Скопје 2.

Покрај премиерот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски и Ејул Ѓулсој, директор на компанијата „Мурат Тиџарет“.

Компанија планира да инвестира 6,6 милиони евра за изградба на фабрика за производство на кабли со површина од 18.000 квадратни метри во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

Компанијата е специјализирана за производство на електрични кабли за автомобилската индустрија и планира да отвори 300 нови работни места во првата фаза. Производството е наменето за извоз на европскиот пазар.

Договорот за закуп на градежно земјиште во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 во декември лани го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Александар Младеновски и генералниот директор на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Гулсој.

Се очекува фабриката да биде изградена до крајот на 2018 година.

„Мурат Тиџарет“ е добавувач на производи за голем број компании од автомобилската индустрија и вработува 2.200 луѓе низ светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...