Туристите да не ги хранат кенгурите со моркови, може да бидат агресивни

188

Кенгурите кои се хранат со моркови и други намирници кои не се дел од нивната вообичаена исхрана, напаѓаат туристи во Австралија за да дојдат до омилената храна.

Голем број туристи, за да направат атрактивни селфи фотографии, ги игнорираат натписите и предупредувањата да не ги хранат кенгурите, јави Би-Би-Си.

Локалниот функционер Грег Пајпер вели дека е неопходна итна акција за да се едуцираат туристите. Тој предупредува дека кенгурите можат да бидат слатки, но и способни да нанесат сериозни повреди.

Овие животни можат да станат зависни од намирниците кои се за нив невообичаени, вклучувајќи и различно овошје и зеленчук.

Чуварот во паркот за животни цо Сиднеј Ендру Дејли вели дека доколку кенгурите видат морков, а пред тоа туристите стопати им дале такво нешто, тогаш ќе дојдат и ќе го земат морковот.

– Притоа кенгурите можат да бидат агресивни. Удираат, гребат и можат да нанесат сериозни повреди, посебно ако видат храна која навистина ја сакаат или се зависни од неа, изјави Дејли.

Во споредба со вообичаената исхрана на кенгурите, морковот е полн со шеќери и тиа го доживуваат како чоколади, појасни Дејли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...