Тупак е жив?

158

Рик Бос, режисер од Лос Анџелес е убеден дека Тупак е жив. Уште повеќе, тој има намера целата приказна да ја преточи во филм.

Раперот Тупак е убиен на 7 септември 1996 година во Лас Вегас, со четири истрели од огнено оружје. Оттогаш во цел свет тлеат теориите околу тоа дека тој не е навистина мртов. А, сè тоа можеби најмногу го потпали телохранителот на Тупак, кој пред медиумите раскажуваше како му помогнал да ја лажира својата смрт и да отиде на Куба.

Во меѓувреме, луѓе од цел свет се јавија со своја приказна како го виделе раперот жив. Сè ова го поттикна Бос да сними филм за оваа тема. Насловот гласи „2Pac: The Great Escape From UMC”

– Во филмот ќе видиме како Тупак заминува од Вегас и својот живот го продолжува во Ново Мексико. Секако дека некои ќе речат дека сум напишал фикција, но ова не е фикција. Ова се факти што доаѓаат од проверени извори – истакна Бос.

Занимливо е тоа што глумецот кој е одбран да го толкува ликот на Тупак – Ричард Гарсија не се сложува со режисерот и верува дека раперот, сепак е убиен 1996 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...