Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата генерален директор на АЦВ, официјално ја презеде Томислав Тунтев, информира АЦВ.
Позицијата директор на Агенцијата, во присуство на раководниот тим и вработените во АЦВ, на Тунтев му ја предал досегашниот директор, Горан Јандреоски.
– Јандреоски го информираше колегата Тунтев, за досегашните резултати на АЦВ постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за активностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот, стои во соопштението.