Премиерот на Тунис, Јусеф Чахед, забрани носење на никаб во јавните институции поради безбедносни причини.
Таквата одлука е донесена по самоубиствениот напад што се случи во вторникот. Тоа е трет напад што се случи во рок од една недела, во екот на туристичката сезона.
Исламска држава презеде одговорност за сите три напади.