Првиот вистински и корисен тунел на „Боринг компани“ (The Boring Company), лансиран од Илон Маск, наскоро ќе биде завршен.
Досега пред јавноста беа прикажани само симулациите и кратките пробни цевки на тунелот, но Маск откри дека првата комерцијална јавна делница во еден од нивните тунели ќе биде пуштен за употреба за околу еден месец и половина.
Станува збор за рута што ќе го поврзе седиштето на Спејс Икс (SpaceX) и „Боринг компани“ во Хоторн со станицата О’Лири, оддалечена околу четири километри.
„Тунелот наскоро ќе биде завршен”, напиша Маск на својот профил на Твитер.
Тој го најави отворањето за 10 ноември.