Тројца пожарникари и шестмина станари во болница по пожарот во Кисела Вода

477

Како последница од труење од чад, предизвикан од пожарот што избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, девет пациенти се хоспитализирани на Универзитетската Клиника за токсикологија, при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Пациентите се во добра општа состојба. Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...