Тројца нови починати од грип во Република Српска

117
Во изминативе 24 часа во Република Српска се регистрирани уште три нови смртни случаи на лица заболени од грип, со што вкупниот број на починати од оваа респираторна инфекција сезонава се зголеми на седум.

Како што јави ФЕНА, едно средовечно лице, позитивно на вирусот на грипот А(Х1)пдм09, починало на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, како последица на тешка акутна респираторна инфекција.

Уште по еден смртен случај на заболени од истиот тип на вирусот на грип се регистрирани во болниците во Добој и Требиње.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...