Тројца научници добија Нобелова награда за хемија

Годинава Нобеловите лауреати од областа на хемијата беа инспирирани од силата на еволуцијата и ги користеа истите принципи - генетски промени и селекција.

98

Научниците Френсис Арнолд, Џорџ Смит и Грегори Винтер ја освоија Нобеловата награда за хемија за 2018 година, за истражување на користењето насочена еволуција во производство на ензими за нови хемикалии и лекови, соопшти денеска шведската Кралска академија на науки.

– Годинава Нобеловите лауреати од областа на хемијата беа инспирирани од силата на еволуцијата и ги користеа истите принципи – генетски промени и селекција за да развијат протеини кои ги решаваат хемиските проблеми на човештвото – се наведува во образложението на Кралската академија.

Тројцата научници ќе добијат девет милиони шведски круни, односно милион американски долари.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...