Трошоците на живот зголемени за 1,5 отсто лани

Цените на мало пораснати за 2,7  отсто

82

Индексот на трошоците на животот во 2018 година има пораст од 1,5 отсто, а индексот на цените на мало пораст од 2,7  отсто во споредба со 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во 2018 година е забележан во групите: „транспорт“ за 7,5 отсто, „алкохолни пијалаци, тутун и наркотици“ за 5,5, „рекреација и култура“ за 2,4, „ресторани и хотели“ за 1,9 отсто, „храна и безалкохолни пијалаци“, „мебел, покуќнина и одржување на покуќнината“ за 0,8 отсто, „здравје“ и „комуникации“ за 0,7 отсто, а останати стоки и услуги за 0,5 отсто.

Намалување на индексите е забележано во групите: „облека и обувки“ за 0,4 отсто и „образование“ за 0,1 отсто, додека групата „домување, вода, електрика, гас и други горива“ е на ниво од претходната година.

Пораст на  индексот на цените на мало, пак, во 2018 година е забележан во групите: „услуги“ за 3,7 отсто, „земјоделски производи“ за 3,6, „непрехранбени индустриски производи и тутун“ за 2,5 отсто и „индустриско-прехранбени производи“ за 0,8 отсто. групата „пијалаци“ е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, вo споредба со декември 2017 година, забележа пораст од 0,9 отсто, а индексот на цените на мало забележа пораст од еден отсто. Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, пак, забележа намалување од 0,2 отсто.

Според Државниот завод за статистика, намалувањето на индексите на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 3,3 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9, млекото за 0,8, трбушките за 0,7, другите прехранбени производи за 0,6, јајцата за 0,5, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, и кај маслото и маснотиите за 0,2 отсто.

Исто така, во декември 2018 година, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 6,8 отсто, течните горива за домаќинствата за 12,5 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 10,6 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,6, информатичката опрема за 1,9 отсто, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ата, филмовите за еден, книгите за 1,5, автомобилите за 1,4отсто, опремата за спорт, кампување и рекреација во природа за 0,9, другите медицински производи за 0,3 отсто, и кај материјалите за одржување и поправки на станот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,6 отсто, рибата и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7, сирењето и урдата за 0,5, лебот и житата за 0,4, и кај другите преработки од месо, јогуртот за 0,2 отсто.

Во декември 2018 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 3,9 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 2,1, градините, растенијата и цвеќињата, туристичките пакет-аранжмани за 1,3, парамедицинските услуги за 0,9, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0,8, обувките, телефон и телефакс-опремата за 0,7, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, услугите за сместување, услугите за лична хигиена за 0,5, мебелот за домаќинствата за 0,4, и кај лековите, терапевтските помагала, резервните делови и опремата за сопствен превоз, ресторани и хотели за 0,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...