Тропска бура ги погоди Карипските Острови

59
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Тропската бура Доријан донесе дождови во источниот дел од Карипските Острови и се движи кон Порторико и источниот дел на Доминиканска Република.

Американскиот Национален центар за урагани издаде предупредување од појава на тропска бура на Мартиник, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини.

Центарот наведе дека ветровите се движат со околу 85 километри на час и според прогнозите во следните 48 часа ќе се интензивираат пред бурата да стигне до американска територија.

– Доријан ќе се претвори во ураган кога ќе се приближи до Порторико и источниот дел на Хаити, се наведува во соопштението од американскиот Национален центар за урагани.

Се очекува бурата да донесе од обилни дождови на Карипските Острови, додека премиерката на Барбадос, Миа Мотли нареди затворање на училиштата и владините канцеларии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...