Чаевите содржат многу антиоксиданти и имаат антимикробно дејство, па заради тоа се одлични во борбата против настинка и грип.
За лекување на инфекциите на дишните органи се користи и слезот.
Го поттикнува излачувањето на слузта и го олеснува искашлувањето, а корисен е и при воспаление на грлото.
Чај од црвена пиперка (Го чисти организмот од вишок слуз при настинка и грип)
Начин на приготвување:
Во 3 дл топла вода додадете црвена пиперка, на врвот на лажичката, и половина лимон.
Куркума против настинка и грип
Начин на приготвување:
Лажица мелена куркума се прелива со зовриена вода. Се остава да отстои 5 д 10 минути, па се процедува. Се пие два до три пати на ден против настинка и грип.
Бел слез помага кај надразнето грло и силна кашлица
Начин на приготвување:
Коренот од бел слез секогаш се приготвува со студена вода за да се зачува дејството на слезот. Голема лажица слез се прелева со два децилитри вода и се остава да отстои барем два до три часа, додека не набабри. Се процедува, се затоплува на температура пријатна за пиење, па се мие во мали голтки, и тоа при симптоми на кашлица и надразнето грло.