Три производи кои ако ги консумирате секој ден ќе ослабнете

Лицата кои консумираат јогурт двапати дневно помалку се изложени на ризикот оддебелина, велат шпанските студии. 

855

Јогуртот без разлика дали се работи за полномасен или за „лајт“ верзија, бадемите во
разумни количини, како и оброците без стрес ја спречуваат прекумерната тежина,
покажуваат студиите.

Лицата кои консумираат јогурт двапати дневно помалку се изложени на ризикот од
дебелина, велат шпанските студии. Шпанските научници од универзитетот во Навара
препорачуваат комбинација на медитерански начин на исхрана со консумирање јогурт.
Исто така, се препорачуваат бадеми во количина од 43 грама дневно наместо други
грицки и слатки за меѓуоброци.

Добриот ефект на консумирањето зелен чај е потврдено безброј пати, а повторно за
благотворно е прогласено и умереното консумирање на вино со оброк. Научниците им
препорачуваат на родителите да не се караат пред децата, посебно не за време на
оброкот. Стресот кои децата го доживуваат во таквите ситуации доведува до
прекумерна тежина и дебелина.

Освен тоа, децата кои на мир заедно со родителите појадуваат и вечераат помалку се
изложени на прекумерна тежина од оние кои јадат сами.

ФОТО: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...