Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во состав Венко Андоновски претседател, Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски – членови, констатираше дека од листата на десетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, три поетски наслови посебно се издвојуваат со нивниот квалитет.
Комисијата за наградата „Антево перо“ во најтесен избор за наградата ги избра стихозбирките „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слама“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска. Редоследот нема вредносно значење.
Во текот на следната седмица Комисијата ќе го соопшти наградениот авторски наслов.