Стрип центарот на Македонија(со седиште во Велес) ја збогати македонската стрип сцена со три нови изданија, бр 27 и бр 28 од ревијата „Стрип креатор“, како и стрип книгата „Хацон ,Крал Пребонд ,Климент Охридски “од македонскиот доајен Миле Топуз. Изданија се дел од годишната програма за издаваштво на Министерството за култура на Р.Македонија.
Ревијата „Стрип креатор “ е единствено постојано стрип издание кадешто се презентираат наградените ,како и подобрите македонски стрипови од последниот , 15-ти по ред Интернационален стрип салон „Велес 2017“. Во оваа ревија свои први стрипови објавиле порано млади , а сега веќе поафирмирани стрип автори од нашата земја.Традицијата и сега не е прекината ,во последните броеви на „Стрип креатор“ се објавуваат стрипови почнувајки од ветераните Диме Иванов-Димано ,Тоде Блажевски,преку неправедно запоставениот Јорданчо Давидовски и завршувајки до средношколката Калина Печевска…Исто така , во овие два броја е претставен еден дел од стрипот „Клеопатра“ кој , за жал, не ја доби поддршката од комисиите при Министерството за култура.
Стрип книгата „ Хацон ,Крал Пребонд ,Климент Охридски “од Миле Топуз дава придонес во популаризацијата на македонската историја од средниот век .Со тоа уште еднаш се потврди дека стрипот,како светски позната 9 та уметност може да има голема примена во социјалниот живот, вклучено и образованието. Затоа јавната поддршка кон стрипот треба да остане на високо ниво, почитувајки ги принципите наведени во Стратегијата за култура на Р.Македонија:деметрополизација ,повеќегодишно искуство и квалитет.
Одговорноста за техничкиот дизајн на овие изданија е на Александар Стеванов кој и самиот е вклучен во списанието „Стрип креатор“ преку стрипот „Мачорот што сакаше да биде крал на цветот“ во коавторство со Катерина Тери Николовска.