Три гласни експлозии одекнале вечерва во Багдад, по што се огласиле сирени, јавува Ројтерс повикувајќи се на сведоци.
Агенцијата додава дека три „качуша“ ракети паднале во Зелената зона во централен Багдад, каде се сместени владини згради и дипломатски објекти.
Полициски извори рекле дека ракетите наводно паднале на 100 метри близина од американската амбасада.
Ирачката заедничка воена команда веста ја потврдила и за Си-Ен-Ен.