Полицијата во германскито град Равенсбург уапси маж, кој со нож нападнал и повредил три лица.
Полицијата на Твитер соопшти дека нападот се случил на плоштадот Маријенплац. Во соопштението се додава дека напаѓачот е уапсен .
Засега не се соопштува идентитетот и мотивот на напаѓачот и дали станува збор за терористички напад.
Не е познат ниту идентитетот на повредените.