Три лица се изведени пред истражен судија за нападот во Стразбур

67

Тројца мажи од исто семејство, осомничени дека му го обезбедиле оружјето на Шериф Шекат, кое тој го употребил при извршување на терористичкиот напад во Стразбур на 11 декември минатата година, се изведени попладнево пред истражен судија во Париз, со можност против нив да биде покренато обвинение, јави дописникот на МИА.

Осомничените се на возраст од 32, 34 и 78 години. Тие биле уапсени во вторникот во Алзас, заедно со уште двајца други членови на истото семејство, чија мерка притвор била укината во средата вечерта, без да бидат кривично гонети.

Шериф Шекат уби пет лица и повреди единаесет други во близина на божиќниот пазар во Стразбур, пред да бидат застрелани од полицијата по 48-часовната потрага по нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...