Три жени беа прободени со нож минатата ноќ во одделни напади во германскиот град Нирнберг, а полицијата истражува дали трите инциденти се поврзани.
Полицијата наведува дека нема докази оти нападите се поврзани со тероризам.
Засега не е познато зошто напаѓачите ги раниле жените во населбата Свети Јоганис.
Првaта жртва, 56-годишна жена, е оперирана по нападот. Неа на улица ја нападнал маж, кој побегнал.
Другите два напади се случиле три часа подоцна, речиси еден по друг.
Во овие два напада повредени се 26-годишна и 34-годишна жена, која се здобила со повреди опасни по живот.
Полицијата наведе дека не може да ја исклучи можноста дека едно лице ги извршило трите напади.