Три деца се повредени денеска откако минибус со девет патници падна во провалија во близина на словенечкиот град Нова Горица.
По несреќата, што се случила на патот меѓу местата Церкно и Долењи Новаки, една 18-годишна девојка со тешки телесни повреди со хеликоптер е префрлена в болница во Љубљана.
Според првичните податоци, се претпоставува дека виновник за несреќата е 54-годишниот возач на минибусот, кој наеднаш свртел в лево и возилото паднало 30 метри во провалија во густа шума.
Полицијата од Нова Горица соопшти дека патот за време на несреќата не бил лизгав, ниту имало снег или мраз.