Трите постари ќерки на Вајнштајн се откажаа од татка си

316

Трите најстари ќерки на Харви Вајнштајн се откажале од татка си, пишуваат американските медиуми. Лили (25), Ема (22) и Рут (17) не сакаат ниту да слушнат за таткото силувач. Повеќе на разговараат со него и многу им е тешко поради сето она што се случува последните месеци.

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн, човекот поради кој се формираше движењето #MeToo е прогласен за виновен за сексуален напад и силување, пренесе Би-Би-Си.

– Да, не сакаат да слушнат за него. Тоа е така кога ќе завршиш во затвор, работите одат една по друга. Страшно е – рекла таа и додала дека Вајнштајн е во контакт со двете најмлади деца Индија (9) и Дашиел (6).

Трите постари ќерки Вајнштајн ги добил во 20-годишниот брак со Ева Чилтон.

Продуцентот е прогласен за виновен по две обвиненија, за силување од трет степен и кривично дело за сексуален чин од прв степен. Но, тој е ослободен од најсериозните обвиненија против него, за сексуален напад и силување од прв степен.

Вајнштајн и понатаму се соочува со обвиненија за силување и сексуално злоставување на две жени во 2013 година во Лос Анџелес.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...