Трите најстари ќерки на Харви Вајнштајн се откажале од татка си, пишуваат американските медиуми. Лили (25), Ема (22) и Рут (17) не сакаат ниту да слушнат за таткото силувач. Повеќе на разговараат со него и многу им е тешко поради сето она што се случува последните месеци.
Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн, човекот поради кој се формираше движењето #MeToo е прогласен за виновен за сексуален напад и силување, пренесе Би-Би-Си.
– Да, не сакаат да слушнат за него. Тоа е така кога ќе завршиш во затвор, работите одат една по друга. Страшно е – рекла таа и додала дека Вајнштајн е во контакт со двете најмлади деца Индија (9) и Дашиел (6).
Трите постари ќерки Вајнштајн ги добил во 20-годишниот брак со Ева Чилтон.
Продуцентот е прогласен за виновен по две обвиненија, за силување од трет степен и кривично дело за сексуален чин од прв степен. Но, тој е ослободен од најсериозните обвиненија против него, за сексуален напад и силување од прв степен.
Вајнштајн и понатаму се соочува со обвиненија за силување и сексуално злоставување на две жени во 2013 година во Лос Анџелес.