Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат поетската книга „Триптих за Македонија“ од македонскиот поет Раде Силјан.
Изданието го сочинуваат три тематски целини: Отворена книга, Молитва за Македонија и Устата на јавето, создадени во последните три години.
Во инспиративниот поговор кон ова дело, проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, ги нагласува спецификите на поетското писмо на Раде Силјан, констатирајќи дека „Триптихот за Македонија“ ја покажува целата архитекрура на зборот, но и на формата. Имено,секој збор е преобмислен, извлечен од дуплото дно на ковчежето на поетската душа.“
Книгата е илустрирана со цртежи од познатиот ликовен уметник, Павле Кузмановски.