Триото „Џентлмен“ ќе настапи на „Скопско лето“

110

Триото „Џентлмен“ вечер од 21 часот на Факултет за ликовни уметности – Сули ан во рамки на „Скопско лето“ ќе одржи концерт „One Night Only“.

Тенорите Дејан Стоев и Дарко Нешовски и баритонот Кристијан Антовски, кои го сочинуваат триото, ќе настапат со светски хитови.

„Џентлмен“  го негуваат поп класичниот стил и во три години постоење имале повеќе од осумдесет настапи во Македонија и во странство.

На репертоарот на тројцата оперски пејачи се руски романси, италијански канцони, шпански песни, како и дела од македонското музичко творештво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...