Триесет дневен притвор за монахот од манастирот Врањина поради несреќата на Скадарското Езеро

869

Монахот од манастирот Врањина, Горан Кимпанов, со свештеничко име Неофит, му е одреден 30 дена притвор, поради трагедијата која се случи на Скадарското Езеро во неделата, соопшти Основниот суд во Подгорица.

Тој се товари дека извршил кривично дело против општата безбедност, кога го управувал чамецот, кој се преврте сред Скадарското Езеро. При несреќата загина тричлено семејство Кумбуровиќ од Зета и Дарко Вујошевиќ од Подгорица, додека пет лица беа спасени.

На сослушувањето пред обвинителот, 43-годишниот Кимпанов изразил жалење за несреќата и рекол дека жртвите биле негови пријатели.

За кривичното дело, за кое се товари монхот, предвидена е затворска казна до 12 години.

Законот предвидува и поблага казна за оној, кој такво кривично дело ќе стори од небрежност. 

Трагедијата се случи во неделата, кога чамецот што го управувал монахот Неофит, при силно невреме, се преврте во Скадарското Езеро.

Настрада тричлено семејство, меѓу кои и едно девочје. Во несреќата настрада и Вујошевиќ, кој прво стигнал до брегот, но се вратил да му помогне на семејството.

Манастирскиот брод ги превезувал верниците до манастирот Врањина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...