Тригодишно момче кое паднало од шести кат во Кина, било спасено откако станари од зградата и минувачи со помош на покривач го ублажиле неговиот пад, пренесува кинеската државна телевизија ЦЦТВ.
– Го дигнав погледот и видов мало дете како виси од балконот. Мојата прва реакција беше да најдам нешто за да го фатам. Прво мислев да се обидам да го фатам само со рацете, но сфатив дека тоа не беше можно – кажал Жу Јанхуи, работник во компанија која се грижи за зградите во тоа подрачје.
Повеќе луѓе застанале во круг држејќи прекривач и го набљудувале момчето. Тоа паднало од терасата, но покривачот го ублажил неговиот пад.
– Помогнав да го оптегнеме прекривачот. По десет секунди, детето падна. Се се случи многу брзо – рекол Зоу Ксиабо.
Еден од соседите го однел момчето во болница. За среќа, тоа немало потешки повреди.