Триглав почна постапка за основање на пензиско осигурување во Македонија

210

Заваровалница Триглав достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Намерата за ширење на Групацијата Триглав на македонскиот пазар на пензиско осигурување е во согласност со нејзините стратешки насоки, информира компанијата.

Заваровалница Триглав

Заваровалница Триглав, се вели во соопштението од компанијата, е лидер во класичното осигурување во Словенија и матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и локации за склучување на договори и со преку 660 претставници за осигурување низ цела Словенија. Во својата понуда ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, авомобилиски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и патнички осигурувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.

Групација Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуство и финансиска моќ повеќе од 117 години ја оправдува довербата на осигурениците дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурување и управување со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа е една од водечките  институции во Југоисточна Европа, работи во шест држави на седум пазари, на кои вработува скоро 5.000 луѓе. Групацијата Триглав задржува цврста финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и профитабилност во работењето, што се потврдува и со високата бонитетна оценка »A», доделена од две признати бонитетни агенции. Главните вредности на друштвото се едноставност, агилност и доверливост, а со својата мисија тежнее кон градење на побезбедна иднина. Со својата визија се стерми кон динамичен развој на нови начини на работење, кои се темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...