Трибина: Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО

Трибината, што е во организација на Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи во фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“ во Индустриската зона Жабени во близина на Битола.

66

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе учествуваат на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“.

Трибината, што е во организација на Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи во фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“ во Индустриската зона Жабени во близина на Битола.

„Во насока на реализирање на основните стратешки определби и цели за интензивирање на инвестициските и извозните активности, како основен предуслов за динамичен економски раст и развој, поддржани со вложување во инфраструктурата, како и поврзување и проширување на соработката на внатрешен и на меѓународен план со партнери од потесното и поширокото опкружување, Стопанската комора на Македонија, сите активности безрезервно ги насочува во реализирање на така поставените цели“, се наведува во соопштението од Стопанска комора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...