Трибина за перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и НАТО, организира денеска Стопанската комора на Македонија.
На трибината, премиерот Зоран Заев и претседателот на Комората Бранко Азески ќе иницираат дискусија не само за прашања поврзани со темата, туку и за последиците доколку Македонија не се движи во насока на исполнување на зацртаните цели.
@Усвојување и спроведување на европските стандарди, функционирање во рамки на единствениот пазар во Унијата, приливот на странски инвестиции, воспоставување долгорочни деловни партнерства со бизниси кои се дел од ЕУ и НАТО, се само дел од прашањата кои се од посебна важност и интерес од кои зависи идниот развој на македонското стопанство, а за кои е потребна поширока дискусија со претставниците на деловната заедница#, наведува Стопанската комора во најавата за трибината.