Трет Французин почина од коронавирус

167

Уште еден смртен случај на лице заболено од коронавирусот во Франција, со што бројот на жртвите од Ковид-19 се зголеми на три.

Смртниот случај е регистриран во областа Оаз, со што во ова подрачје тоа е второ лице кое што починало од Ковид-19. Претходно, тука почина 60-годишниот наставник, кој пред тоа беше на лекување во Париз. Новата жртва е лице на осумдесетгодишна возраст.

Според градоначалникот на Компињ, Филип Марини, починатото лице личност „страдало од неколку други патологии“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...