Трет смртен случај од вирусот корона во Кина

Со ова бројот на регистрираните случаи на болеста достига 201, а 170 пациенти се уште се во болница. Деветмина се во критична состојба, соопштија здравствените власти во градот Вухан, Централна Кина.

113

Кина соопшти дека е регистриран трет смртен случај и 139 нови заразени со запаление на белите дробови поврзано со корона вирусот, и потврди дека вирусот се проширил и во Пекинг.

Со ова бројот на регистрираните случаи на болеста достига 201, а 170 пациенти се уште се во болница. Деветмина се во критична состојба, соопштија здравствените власти во градот Вухан, Централна Кина.

Случаи на болеста поврзани со новиот корона вирус веќе се регистрирани и надвор од Кина – два на Тајланд и еден во Јапонија. Сите заболени се по потекло од Вухан, или неодамна го посетиле градот.

И Јужна Кореја соопшти дека е регистриран првиот случај на болеста во земјата. Тој е откриен кај Кинеска која пристигнала од Вухан.

Новиот вирус спаѓа во истиот тип корона вируси кои предизвикуваат тежок акутен респираторен синдром како САРС.

Во глобалната епидемија на оваа болест во 2002 и 2003 година починаа речиси 800 луѓе.

Некои научници предупредуваат дека новиот вирус можеби не е смртоносен како САРС, но за него моментално се знае многу малку – не е познато неговото потекло ниту колку лесно се шири меѓу луѓето.

Новата епидемија се појави кусо време пред празниците за кинеската Нова година, кога стотици милиони Кинези патуваат за ги посетат своите роднини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...