Германската влада го одобри воведувањето на можноста за регистрирање трет пол во регистрите.
Во ноември минатата година, Уставниот суд во Германија објави пресуда со која се дозволува таква можност.
Судот донесе одлука врз основа на жалба на лице кое во парот полoви хромозоми има само еден Х хромозом, но не и другиот. Таа беше одбиена да го промени полот во изводот од матична книга на родени од „женски“ во „поинаков“.
Официјалните лица го отфрлија тоа барање со повикување на закон кој им дозволува на децата да се регистрираат само како женски или машки, или да ја остават таа колона празна.