Третиот најголем аеродром во Истанбул ќе се вика Реџеп Таип Ердоган

550

Турскиот министер за транспорт, море и комуникации Ахмет Арслан предложи третиот и најголем аеродром во Истанбул, кој е ѝ еден од најголемите во светот, да го носи името по претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Министерот Арслан рече дека аеродромот треба да се именува по Ердоган поради неговиот придонес за развојот на Истанбул во последните 16 години.

Истнбул својот трет аеродром ќе го твори во октомври годинава. За неговата изградба е вложено 12.5 милијарди долари.

Годишно ќе може да прими 200 милиони патници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...