Трговскиот дефицит надмина 1 милијарда долари за шест месеци

Во периодот јануари – јуни 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

130

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 3,56 милијарди долари и бележи пораст од 6,5 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4,61 милијарди долари, што е за 3,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 1,04 милијарди долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...