Трговската размена со светот забележа раст од 24,3 отсто

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 1.289.063.000 американски долари.

77

Вкупната размена со странство за периодот јануари – јули годинава изнесува 9.102.394.000 американски долари при што бележи пораст од 24,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на увозот, изнесува 5.195.729.000 американски долари и има раст од 23,3 отсто, а вредноста на извозот е 3.906.666.000 американски долари и бележи раст од 25,7 отсто.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 1.289.063.000 американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 75,3 отсто.

Според објавените податоци Македонија најмногу извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари –јули 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...