Трговската војна тема и на конференцијата за природен гас во Вашингтон

Откако САД воведоа царини за челикот и алуминиумот од Кина, Кинезите возвратија со давачки на неколку стотици американски производи. Засега природниот гас не е меѓу нив.

60

Главна тема на Светската конференција за природен гас, која што денеска се отвора во Вашингтон, ќе биде дали трговската војна меѓу Кина и САД ќе се одрази и на овој се поважен енергенс.

Откако САД воведоа царини за челикот и алуминиумот од Кина, Кинезите возвратија со давачки на неколку стотици американски производи. Засега природниот гас не е меѓу нив. САД избија на прво место во свет во производство на природен гас, благодарение на новите техники на искористување на нафта и гас како што е хидрауличното разбивање карпи – фракингот. Од оваа новостекната позиција, администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да ја промовира Америка во голем извозник на втечнет гас, но трговската војна со Кина и со европските земји може да застане на патот на овој план. Кина е еден од најголемите купувачи на природен гас во светот, но и европските држави, кои се обидуваат да најдат нови снабдувачи и да ја намалат зависноста од Русија, исто така се потенцијални американски партнери.

– Имаме реални можности низ цела Европа – вели Грегори Веси, од компанијата Магнолија ЛНГ која извезува природен гас од Луизијана.

Конференцијата, која се одржува еднаш на три години, ќе биде можност за министрите за енергетика и директорите на водечките енергетски компании да се соберат во Вашингтон и да го разгледаат натамошниот развој на пазарот на енергенси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...