Лидери на БРИКС, економии во развој во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република в среда во Јоханесбург се собираат на редовен годишен Самит на кој „трговската војна“ што ја покрена амерканскиот претседател Доналд Трамп ќе доминира во расправите.
Главна тема на 10. по ред Самит би требало да биде „Соработка со цел раст и поделба на просперитет“, но постои голем ризик трговската војна повторно да преовладува во расправите на Самитот.
Пет држави во април го осудија протекционизмот на САД поради тоа што според нив, го поткопува светскиот економски раст.
Кина поради тоа најави засилување на соработка со други држави во развој меѓу кои и од БРИКС за да се спротистави на трговскиот протекционизам.
Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека разговорите меѓу челниците за трговијата се особено важни за да се координираат позициите.
– Се наоѓаме во момент кога САД и Кина речиси секоја недела објавуваат нови мерки. Тоа е трговска војна. Разговорите меѓу челниците за трговијата се особено важни за да може да се координираат позиците, изјави Орешкин.
Тој нагласи дека на Самитот најверојатно најмногу ќе се разговара со Кина за тоа што се случува во САД.
БРИКС е основан во 2009 година и на тој форум се повеќе од 40 отсто од светстката популација. Една од целите е воспоставување противтежа на економските правила што ги наметнува Западот.