Транзитот на рускиот гас до Европа во ќорсокак

Сегашниот договор завршува на крајот на годината и станува сѐ поитно да се постигне компромис помеѓу трите страни, иако ЕУ ја смирува јавноста дека е подготвена и за ризични сценарија.

126

Последната рунда преговори помеѓу Москва, Киев и Брисел за транзитот на гас кон Европа во пресрет на зимата не донесе напредок, изрази разочараност комесарот задолжен за енергетската унија Марош Шефчович.

Сегашниот договор завршува на крајот на годината и станува сѐ поитно да се постигне компромис помеѓу трите страни, иако ЕУ ја смирува јавноста дека е подготвена и за ризични сценарија.

Трите страни требаше да се договорат за основните принципи на идната спогодба за транзит на гас, како што се количината, цените и роковите. Еврокомесарот Шефчович ја обвини директно Русија за неконструктивен пристап поради тоа што барала дополнително време и дополнителни документи.

Москва барала и да се дискутира за прашања кои не се во принцип дел од овие преговори, како што е директна продажба на рускиот гас во Украина.

– Ја подготвив трилатералната средба денеска на начин кој ќе ни овозможеше да постигнеме позитивен напредок доколку имаше политичка волја од сите страни – изјави комесарот по состанокот.

Следната рунда е предвидена во текот на ноември, Европската Комисија останува уверена дека е можен договор на време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...